„Блиц“: Артемије за милион евра ги преплатил работите на црквите и манастирите во Косово

Од:

Рашко-призренската епархија, во времето додека со неа управуваше пензионираниот владика Артемије, ги преплатила градежните работи на повеќе цркви и манастири на Косово за повеќе од милион евра.

Како што пишува „Блиц“, тоа го покажало вештачењето на Комисијата што ја одредил Вишиот суд во Белград.

Според заклучоците на Комисијата, во кои имал увид весникот, Српската православна црква преку епархијата како нарачател и инвеститор, на изведувачот на работите на Епархискиот центар „Раде Неимар“ исплатила 2,05 милиони евра, иако проценатата вредност на извршените работи и услуги е 1,01 милиони евра.

Комисијата вештаци се занимавала со проценка на вредноста на работите од 2004 до 2010 година врз 17 објекти – цркви и манастири во рамки на Рашко-призренската епархија.

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он

Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

А1он