Бинел: САД сакаа да ја бомбардираат Србија по секоја цена

Од:

Поранешниот француски мајор Пјер-Анри Бинел изјави дека Американците сакале да ја бомбардираат СРЈ по секоја цена.

Тој пред две децении на својата „српска врска“, генералот на Војската на СРЈ, Јован Милановиќ, од човечки побуди им го доставил планот на сите можни НАТО цели во Србија, обидувајќи се да го спречи бомбардирањето.

Бинел за „Вечерње новости“ на прашањето дали НАТО поради неговата акција го одложи бомбардирањето планирано за 12 октомври 1998 година, изјави дека почетокот на акцијата бил одложен поради повеќе причини.

-Пред се поради тоа што Милошевиќ ги повлече пецијалните сили од Косово, па политичкиот комитет на НАТО одлучи да ја запре акцијата, што многу ги изнервира Американците. После тоа, целата нивна дипломатија доведе до она што се случи во март. Се приближуваше зима, метеоролошките услови исто така играа голема улога, озбразложи Бинел.

Како што кажа, НАТО мислеле дека елата акција ќе заврши многу порано, односно максимум за само еден месец.

Судот во Париз Бинел го осуди поради шпијунажа на пет години затвор, од кои три години условно. Од келијата со намалена казна излезе во 2002 година, ја напушти војската и почна да работи како геометар.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва