Билт: Забрзување на евроинтеграциите за напредок на западниот Балкан

Од:

Натамошното проширување на Европската унија е императив. а единствен пат за напредок на западниот Балкан е забрзување на европските интеграции, изјави денеска во Сараево поранешниот шведски премиер и копретседател на Европскиот совет за надворешни работи, Карл Билт.

– За добивање членство во ЕУ ќе биде потребно време, бидејќи тоа не е лесен пат. Меѓутоа потребни се силни економски реформи со цел овие земји да ги исполнат условите за членство, а регионалната соработка притоа претставува силна алатка што го дава неопходниот поттик, нагласи Билт.

Билт, кој во придружба на претседателот на Меѓународниот институт за стратешки студии и претседател на женевскиот Центар за безбедносна политика, Франсоа Хајсбург и специјалниот советник на Европската комисија, Роберт Купер денеска го посети Секретаријатот на Советот за регионална соработка, оцени дека очекува од балканските лидери на нивната средба следната недела во Трст да усогласат конкретни чекори за обезбедување на стабилност на регионот и да ги забрзааат реформите во нивните земји со што ќе се приближат до ЕУ.

Генералниот секретар на Советот на регионална соработка, Горан Силвановиќ, од своја страна, изрази оптимизам во врска со претстојниот Самит на западниот Балкан во Трст и изрази надеж дека на него ќе биде усогласен акцискиот план за регионална соработка.

Според Силвановиќ, со усвојувањето на овој план ќе започне ново поглавје во напредокот на земјите од регионот кон економски и општествен просперитет и кон членство во ЕУ.

– Со акцискиот план се предвидени проекти што водат кон подобар и побрз напредок на регионот во сферата на трговијата, сообраќајот, конкурентноста и дигиталното општество. Планот претставува катализатор на процесите за европска интеграција, но тој не е замена за постојната рамка и ние сакаме да видиме како балканските економии ја користат оваа можност за да извршат промени во полза на своите граѓани, рече Силвановиќ.

Хајсбург, пак, повтори дека регионот на Западен Балкан покажува знаци на сериозна нестабилност, па затоа балканските лидери, но и ЕУ, мораат да дејствуваат брзо и да го задржат регионот на европскиот пат.

Советникот на Европската комисија Купер, осврнувајќи се на заложбите на земјите на регионот за членство во ЕУ, истакна дека клучен столб на кој мора да работат балканските држави е зацврстувањето на владеењето на правото.

– Унијата е заедница на правата и не може да прифати нови членки доколку нивниот правосуден систем не ги задоволува високите стандарди, односно не делува на компетитивен начин и не претставува доверлив партнер, рече Купер.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски