Билчик: Западен Балкан повторно е во фокусот на ЕУ

Од:

Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Загреб следната година ќе биде клучен настан кој ќе покаже како ЕУ гледа на прашањето за проширувањето, изјави денеска постојаниот известувач на ЕП за Србија, Владимир Билчик, нагласувајќи ја потребата од заедничка посветеност на ЕУ и земјите од регионот за политиката за проширување.

Билчик и европратеничката Тања Фајон денеска во Белград учествуваа на настанот „Враќање на Балканот во фокусот на ЕУ“, каде оценија дека Западен Балкан сега повторно се враќа во фокусот на ЕУ како нејзина политичка и стратешка цел.

Билчик рече дека е разочаран од недонесувањето одлука за почеток на пристапните преговори со Скопје и Тирана, но изрази надеж дека таквата одлука ќе биде донесена што е можно поскоро.

Тој изјави дека на земјите од Западен Балкан им треба поголема посветеност кон европската интеграција, но и поголема посветеност на самата ЕУ кон регионот на Западен Балкан и унапредување на слободите, владеењето на правото и заштитата на животната средина.

– Тоа исто така е прашање за иднината на ЕУ, кое треба и мора да ги вклучи земјите од Западен Балкан. Западен Балкан треба да биде приоритет, рече Билчик.

Тања Фајон, која претседава со парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација со Србија во ЕП, ја истакна потребата и ЕУ и Западен Балкан да останат посветени на пристапниот процес.

– Во последните 10 години, ЕУ помина низ разни кризи во потрага по стратешки интерес и затоа проширувањето беше надвор од фокусот. Сега е добар момент да се зграби и да не губат двете страни, рече Фајон.

И таа оцени дека одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ за Република Северна Македонија и Албанија е „голема стратешка грешка“ која го поткопува кредибилитетот на Унијата и изрази надеж дека таа одлука ќе биде исправена до март следната година.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски