Билатералниот протокол со Македонија не е доволна гаранција за нашите интереси, рече Радев

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев е убеден дека ако Бугарија лани не ставела вето на два совета за проширување, немало да го добијат францускиот предлог кој бил најдобриот досега.

Европските партнери се свесни дека за ставот дека прашањето за зачувување на граѓанските права дека може да се подигне на ниво на ЕУ, а не да биде само билатерално, изјави Радев.

„Прашањето за правата на македонските Бугари е веќе во преговарачка рамка. Бугарските политичари да не брзаат да прогласат историска победа, бидејќи промената на Уставот не е победа, туку чекор на патот кон интеграцијата. Од содржината на билатералниот протокол зависи вистинската заштита на бугарските интереси, на нашето културно и историско наследство на рехабилитација на жртвите и прекинување на процесот на деморализација, додаде Радев.

Во овој момент за Радев предложениот билатерален протокол со Македонија не дава доволна гаранција за заштита на бугарските интереси и затоа ги повика институциите во Софија да постават параметри што недостасуваат.

„Го повикувам Советот на министри да не се крие зад Народното собрание, тој е водечка институција и очекуваме да донесеме јасни и одговорни одлуки“, нагласи Радев.

Комисијата за надворешна политика денеска во 14 часот по македонско време ќе одржи состанок на кој се расправа за т.н францускиот предлог за решавање на спорот меѓу властите во Софија и Скопје.

извор: Novinite.bg

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

А1он

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов