БиХ набавува четири нови хеликоптери од САД

Од:

Вооружените сили на БиХ, во соработка со Владата на САД, набавија четири нови хеликоптери од марката „ Hell Huey II“ кои ќе бидат испорачани во наредните три години.

Договорот за набавка го потпишаа министерката за одбрана на БиХ Марина Пендеш и американскиот амбасадор во БиХ Ерик Нелсон.

Пред потпишувањето, Нелсон истакна дека ВС на БиХ се „светол пример за тоа што луѓето во БиХ можат да го постигнат кога делуваат заедно“ и ги повика властите на БиХ на вооружените сили (ВС) да им дадат средства за да продолжат со овој и другите проекти без прекини.

– ВС на БиХ секогаш се подготвени во исполнување на предизвиците и во помагањето на своето население. Тие имаат успешно партнерство со НАТО. Ова е заеднички проект на САД и БиХ за кој американската Влада обезбеди 34 милиони американски долари, а Министерството за одбрана на БиХ објави дека има намера да одвои повеќе средства како поддршка за реализација на овој проект. Досега се инвестирани над четири милиони долари, рече Нелсон.

Тој нагласи дека новите хеликоптери „ Bell Huey II“ имаат подобри перформанси со пониски трошоци и оти ќе им помогнат на ВС на БиХ да обезбедат витална поддршка за своите граѓани.

Министерката за одбрана на БиХ, Марина Пендеш рече дека САД се докажан пријател на БиХ и оти американските вооружени сили активно помагаат во модернизација и зајакнување на капацитетите на ВС на БиХ преку континуирано стручно усовршување на кадарот, како и преку финансиска и материјално-техничка помош.

– Ова е најголемиот инвестициски проект од формирањето на ВС на БиХ и ќе ни овозможи повеќе можности да бидеме цврста поддршка за сите жители на БиХ и да придонесуваме во регионалната соработка, како и да ја зајакнеме нашата позиција во операции за поддршка на глобалниот мир, рече Пендеш.

Би можело да ве интересира

Босанскиот министер за прашања на борците почина од Ковид-19

Ана Ололовска

Пандемијата сериозно ја наруши надворешната трговија на БиХ

Ана Ололовска

Бил Клинтон и САД беа блиску да ја изневерат Босна и Херцеговина

Ана Ололовска

Објавени тајни документи: Како пропаднал планот на Клинтон да го реши прашањето на Босна

Ана Ололовска

ОН и СЗО загрижени поради здравствените извештаи во БиХ

Ана Ололовска

Комшиќ: Нема да дозволиме решението за Косово да се поврзе со БиХ

Ана Ололовска