БиХ ќе го повика францускиот амбасадор на разговор поради изјава на Макрон

Од:

Кабинетот на претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, соопшти дека утре ќе го повика на разговор амбасадорот на Франција во БиХ Гијом Русон, поради изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „Босна е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска“.

Од Гиом ќе се бара да ги разјасни ставовите на Макрон, соопшти Кабинетот на Комшиќ.

Францускиот претседател во интервјуто за „Економист“ рекол и дека што се однесува до регионов во прашање не биле ниту Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина поради тоа што се соочува со проблемот со враќање на џихадистите.

– Ако сте загрижени за овој регион (Западен Балкан), првото прашање не се ниту Северна Македонија ниту Албанија, туку БиХ. БиХ е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска и се соочува со проблемот на враќање на џихадистите, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Хрватска го укина обврзниот карантин за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Ана Ололовска

Хрватска, сепак, ги олабавува мерките за граѓаните од БиХ

Ана Ололовска

Во БиХ 77 новозаразени со коронавирусот

А1он

Во Србија и БиХ со денови расте бројот на новозаразени со коронавирусот

А1он

Хрватска почна да враќа патници од Србија и БиХ

А1он

Уапсен контроверзниот босански политички ветеран Фикрет Абдиќ-Бабо

А1он