БиХ ќе добие 71 милион евра од ЕУ за ублажување на последиците од поскапувањето на енергенсите

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Сараево најави дека Босна и Херцеговина ќе добие грант од 71 милион евра од ЕУ за надминување на последиците од високите цени на енергенсите.

Според Фон дер Лајен, станува збор за краткорочна мерка со која ќе се поддржат инвестициите во инфраструктурата насочени кон подобрена енергетска ефикасност.

„На тој начин ќе се обезбедат и работни места“, изјави Фон дер Лајен, најавувајќи пакет енергетска поддршка за државите од Западен Балкан.

Таа се осврна и на руската инвазија врз Украина и на последиците од војната за Европа и Западен Балкан.

„Заедно сме непобедливи. Би рекла дека има нов импулс, ветер на промени што го обединува европското семејство, сега е можност Босна и Херцеговина да направи исчекор напред. Заедно ја славиме препораката за кандидатски статус на Босна и Херцеговина. Ако има волја се може да се направи“, посочи претседателката на Европската комисија.

Урсула фон дер Лајен за првпат се сретна со членовите на мултиетничкото претседателство на БиХ, а потоа имаше и обраќање пред политичарите, како и пред претставници на медиумите и на граѓанското општество.

На почетокот на своето обраќање таа истакна дека и е задоволство да биде во БиХ во овој историски момент.

„Чест е да се види знамето на ЕУ на знаменитостите во БиХ. Вие сте иднината на ЕУ, вашата иднина е во ЕУ, рече таа.

Претседателката на Европската комисија свечено го отвори тунелот „Иван“, проект во рамки на „Коридорот 5“ финансиран од ЕУ.

Вон дер Лајен подоцна денеска ќе отпатува за Србија. На аеродромот во Ниш ќе ја пречека српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого е предвидено да заминат во обиколка на градилиштето на гасниот интерконектор Србија-Бугарија.

Фон дер Лајен во Белград ќе има одвоени средби со Вучиќ и со српската премиерка, Ана Брнабиќ.

Турнејата по државите од Западен Балкан Фон дер Лајен ќе ја заокружи со посета на Подгорица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски