БиХ и ЕУ: Топката е во рацете на новите власти!

Од:

Се уште е тешко да се знае дали новата власт ќе биде поефикасна во спроведување на процесот за евроинтеграции од претходната. Од друга страна, ЕУ во таа смисла веќе јасно ги формулираше своите очекувања од новата власт.

Нови иницијативи, поголемо ангажирање на домашните политичари

По завршувањето на седницата на Советот за надворешни работи на ЕУ кој е одржан на 18 ноември, а на која е усвоена иницијатива за нов пристап на БиХ, новинарите се обратија до хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, истакнувајќи дека консензусот за новиот пристап за приближување на БиХ кон ЕУ е важен прв чекор кон стабилизација, но дека продолжувањето на процесот ќе зависи од новоизбраната власт во БиХ.

– Што се однесува до нас, од неколку причини е важна и еден вид е пресврт расправата за новиот пристап кон БиХ, со оглед дека тоа е покренато со наша иницијатива минатата пролет, кога се заложивме за поефикасен пристап кон БиХ – рече Пусиќ.

Истакнувајќи дека таа иницијатива произлезе од британско-германската, министерката Пусиќ рече дека то сега и официјално е иницијатива на Европската унија.

– Иницијативата не предлага намалување на критериумите, туку распределба на чекорите, реформите и преземените обврски за ефикасност на процесот за приближување на БиХ кон ЕУ. Првиот чекор е обврската на клучните политичари на БиХ. предлогот е таа да биде во облик на програма на новата влада и тоа е прифатено – рече Пусиќ.

Пусиќ заклучи дека новиот пристап значи проактивно учество на земјите членки, но дека се очекува многу активен ангажман на новата власт во БиХ.

Од оваа, најнова иницијатива, се гледа една константа, а тоа е дека политичарите на БиХ ќе бидат и тоа како одговорни, всушност нај одговорни за евроатланскиот пат на нашата земја. До сега, старата политика и старите луѓе не покажаа преголем ангажман на ова поле.

Но, се отвора еден друг поголем проблем. По изборите добивме иста политичка гарнитура која навистина, во пресрапределени коалиции, ќе биде на власт идните четири години. Дали можат и во кој концепт, политичарите да ја приближат Босна и Херцеговина до ЕУ, останува да се види. Она што таа работа никако не им олеснува, но ја чини уште попотребна, е немање на било каков напредок во процесот на придружување на ЕУ во претходниот период.

БиХ никогаш не била полоша во очите на ЕУ

Според извештајот на ЕК за напредокот на земјите на Западен Балкан за нејзино членство од октомври оваа година, тој убедливо е најлош за БиХ во однос на сите земји во соседството и воопшто најлош од 2001 година.

– Се работи за најлош извештај до сега, а најлошиот до сега е објавен на денешен ден пред една година. Ваквите извештаи ги систематизираат обврските и направените работи во согласност со Договорот за стабилизација и приклучување, кој БиХ го потпиша во 2008 со ЕУ. Меѓутоа, поради состојбата во земјата и неодговорноста на власта, тој договор, како што е познато никогаш не стапи во сила. Она што е основно е дека се изразува загриженост од ЕК поради слабиот ангажман кон она што требаше да се направи оваа година. Буквално неофицијално ми беше кажано вчера во ЕК дека ништо не е направено што требаше да биде, што не се случило во ниту еден извештај до сега. Она што стои во извештајот како карактеристика е дека сепак постои надеж дека овие избори ќе изнедрат власт која ќе биде способна и во состојба да ја врати земјата од бездната и ќе ја насочи кон европските интеграции. Таа надеж официјално и неофицијално се наведува последните денови, но тоа е единствена светла точка – рече Зекерија Смајиќ, долгогодишен новинар и експерт за европски прашања, во разговор за Радио Слободна Европа.

Смајиќ додаде дека очекувањата на ЕУ не се преголеми ни премали: – Надеж постои и тоа е последно што во ЕК и ЕП умира, едноставно поради тоа што ЕК не може да направи преседани. БиХ мора да ги исполнува условите кои ги исполнува Црна Гора, исто како и Србија и Албанија. Исто така, ЕУ нема никаков интерес да потегнува било какви санкции кон БиХ, ако таа не ги исполнува своите обврски на патот кон европските интеграции. Брзината на процесот зависи од власта и граѓаните кои ќе вршат притисок на неа и тука ништо нема да се промени, па макар тој процес да трае следните 30 години.

И понатаму недостасува политичка волја

Портпаролот на Делегацијата на ЕУ и Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ Енди МекГафи, е умерен оптимист кога е во прашање БиХ:

– ЕУ продолжува да ја пружа својата поддршка на БиХ во помагање на напредокот на земјата на патот кон европските интеграции. Нашата поддршка на реформите е и политичка и финансиска. Имено, во периодот од 2007 до 2013 година, над 600 милиони евра од фондовите на ЕУ се вложени во проекти на реформите во БиХ и за следниот буџетски период од 2014 до 2020 година ќе бидат достапни повеќе средства. Според Привремениот договор меѓу ЕУ и БиХ, продолжуваме да одржуваме редовни состаноци со властите на БиХ, за да го оцениме напредокот во спроведување на реформите и да ги усогласиме идните чекори. Го поздравуваме фокусот кој политичките партии во БиХ го дадоа со прашањата поврзани за ЕУ во текот на постоечкиот процес за основање на власта. Знаеме дека мнозинството граѓани во БиХ го поддржуваат влезот на земјата во ЕУ и исправно е политичкиот систем да ги одразува приоритетите на гласачите. Меѓутоа, потребно е оваа усмена определба да се преточи во конкретно делување во следните месеци и години.

МекГафи е експлицитен и кога е во прашање политиката на ЕУ кон БиХ. Тој за Бука вели: – Основната политика на ЕУ кон БиХ останува непроменета бидејќи е иста за сите земји во процесот на проширување. Наша желба е земјите да се придружат тогаш кога ќе бидат подготвени и кога ќе ги исполнат потребните критериуми. Членките на ЕУ неодамна дадоа низа предлози за отворање на процес на нови основи за БиХ, очигледно независно од условеноста и во секој случај, со задржување на истите стандарди. Тоа прашање минатиот понеделник беше разгледувано во рамки на Советот за надворешни работи, каде е постигнат договор, а моментално во тек се идни активности за начинот на кој тоа ќе се одвива понатаму.

Па сепак, според зборовите на МекГафи, во БиХ недостасува политичка волја да се преземат конкретни чекори во приближување на земјата на ЕУ. И затоа, како што наведе Портпаролот на делегацијата на ЕУ – топката во овој момент ќе биде во раце на новата власт и стие кои ќе учествуваат во власта, сега да остварат конкретен напредок.

Аднан Хускиќ, политички аналитичар и предавал на сараевскиот факултет за наука и технологија, вели дека, иако тоа на прв поглед се чини едноставно, многу е тешко да се запре општиот тренд на пропаѓањето на БиХ. Тој за Бука ги изнесува своите видувања:

– Поради сите застои и проблеми, Босна евидентно ќе располага со помалку средства од ИПА фондовите од што беше планирано. Немањето на напредок во смисла на воспоставување на механизам за координација, уставни реформи и општо земено слабиот апсорпциски капацитет на институциите поврзано за користењето на фондовите, сигурно претставува проблем кој нема да се реши ни лесно ни брзо, без оглед на начелната промена на политиката на највисоко ниво. До сега неизбежното прашање на реформите на Уставот на БиХ во согласност со пресудата на ЕСЛЈП во случајот Сејдиќ и Финци против БиХ и воспоставувањето на механизам за координација, излегува дека излегуваат од фокусот. Брисел е гладен за добри вести од БиХ, така, ако дојде до вистинска промена на односите на државната коалиција кон ЕУ интеграциите и посериозна политика, тоа веројатно ќе произведе и позитивна реакција од Брисел. Сега сме во состојба која најдобро може да се опише како регресија и двострана фрустрација, а новата иницијатива и наговестува поинаков начин на решавата на енигмата со БиХ.

Наспроти се, Хускиќ е оптимист кога е во прашање новата власт и нејзината соработка со ЕУ институциите. Тој смета дека, во секој случај, помош од страна Брисел нема да изостане:

– Веќе неколку години сме сведоци на еден болен и скап застој во БиХ на патот кон ЕУ кој го произведоа неодговорните политички елити опседнати од лични интереси. ЕУ до сега во голема мера беше неопремена да се носи со проблемите во БиХ на начин на кој тоа го навикнавме од старите меѓународни актери до 2006 година. Едноставно е неспоиво активното учество во процесите на БиХ, а кое често се очекува од ЕУ, и самиот процес на прием на БиХ во ЕУ, бидејќи во тој случај може да се зборува за т.н. self-accession или пристап на БиХ кон ЕУ, а за кој е одговорна ЕУ – наведе Хускиќ.

Хускиќ вели дека понатаму со процесот ќе раководат властите и институциите во БиХ, со тоа што сега и политиката и струката мора да делува во иста насока, што до сега не беше случај. Тој наведе и пример на некои институции во државата, како Дирекцијата за европски интеграции, чие исклучително професионално делување е оневозможено од политичката блокада во државната власт.

Хускиќ посебно се осврна на ЕУ иницијативата за нов пристап на БиХ:

– Значи, она што во последните неколку недели го нарековме германско-британска иницијатива, сега стана и официјално иницијатива на ЕУ. Морам да признаам дека иако деталите на овој пристап не се нај јасни, освен што од власта во БиХ се очекува да се обврзат да направат се во смисла на остварување на овие цели, ова на одреден начин претставува промена на до сега непроменливата рамка за пристап. Дали ова истовремено значи дека Босна почнува да се третира помалку внатре во техничкиот процес за прием, а многу повеќе внатре во политичкото прашање за дебата. Неколку детали од говорот на Секретарот за надворешни работи на Велика Британија заслужуваат во таа смисла подетална анализа. Пред се, експлицитно се признава дека досегашниот пристап не дава резултати во БиХ. Понатаму, се говори за социо-економските проблеми на државата кои се засенети со дебата за уставни реформи и механизам на координација, како и потребата да се спречи економското пропаѓање на државата, да се зголеми вработеноста, посебно на младите и да се намали бирократијата и јавната потрошувачка.

На прашањето – Дали ќе се промени дискурсот на официјалната политика на Брисел кон БиХ, во светло на октомвриските избори и сеуште неконституираната власт, Хускиќ е експлицитен:

– Брисел, како и другите држави членки на ЕУ и САД повикуваат на брзо основање на власт. Притоа ми се чини, најголем притисок индиректно врши на ХДЗ на која остана мал маневарски простор. Инсистирањето на партнерство со СНСД не е опортунистичко од повеќе причинни. Да ја промениме само ориентираноста на СНСД кон Русија, потоа блокадата за основање на власт на државно ниво која моментално ја прави ХДЗ, фактот дека внатре во моменталната констелација ХДЗ работела со народњачките партии со кои има потпишан договор од април 2014, како и фактот дека на ХДЗ е понудено се на кое инаку инсистираат. Дури и ако власта во РС се основа околу СНСД, притисоците на ХДЗ сосема сигурно ќе се интензивираат.

Сепак, може да се види светлина на крајот на тунелот. Без оглед на тоа што актерите помалку или повеќе се исти, дури и минимални промени во БиХ можат да произведат позитивен исчекор.

– Би рекол дури дека промената на дискурсот во БиХ е доволна работите да појдат на подобро. Притоа треба да се одржи притисокот на властите да се интензивираат реформските процеси и приближувањето кон ЕУ. И понатаму сум на ставот дека на големото мнозинство на транзициско-политичката елита во БиХ приближувањето на ЕУ и воведувањето на правна држава, всушност не им одговара – заклучи Аднан Хускиќ.

Заклучокот може да биде многу едноставен. Соработката на политичарите во БиХ ќе биде клучна во реализацијата во патот кон ЕУ и евроатланските интеграции. Меѓутоа, досегашните искуства со политичките гарнитури не тераат на внимателни и умерени заклучоци. Секој исчекор, гледајќи од оваа перспектива, ќе биде барем номинално голем чекор кон Европа. До сега, мора да се признае, БиХ беше поприлично конфузна и погубна на тој пат.

Бука – Сараево

 

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски