Бибер за Отворен Балкан: Соработката е добра, но мора сите да бидат вклучени

Од:

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, по повод иницијативата Отворен Балкан изјави дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан.

– Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, а без целиот Западен Балкан соработката е проблематична, изјави Бибер за Н1.

Тој оценува дека друг проблем е и прашањето за намерите на лидерите кои ја формираа, особено (албанскиот премиер Еди) Рама и (српскиот претседател Александар) Вучиќ, рече Бибер, додавајќи дека проблемот е што не е јасно кој ќе доминира и зошто има нова рамка ако веќе постоеле рамки за соработка.

– Берлинскиот процес имаше своја предност бидејќи ги вклучи членките на ЕУ и тоа е многу важно, додаде тој. Како што наведе, има сомнежи дека нивните мотиви навистина се регионалната соработка и добрососедските односи.

– Гледаме преку нивните постапки дека ги креваат тензиите во регионот, во таа смисла не можам да верувам дека се за добра соработка. А намерите се повеќе пропаганда, да се продаде на Запад – добри сме, ние сме партнери и со тоа одвраќање од клучните проблеми – недостигот на демократија и владеење на правото, рече Бибер.

Тој потсети дека преговорите со Албанија и Северна Македонија се блокирани од некои земји од ЕУ, додека Србија не е блокирана поради билатерален спор. – Причина зошто Србија е побавна во тој процес е резултат на внатрешната политика на актуелната власт, вели Бибер.

За тоа дека на состанокот на тројцата лидери преку видео линк ќе им се придружи и европскиот комесар за проширување, Бибер рече дека Оливер Вархеји нема целосна поддршка во ЕУ бидејќи е „јасно дека главно ја застапува политиката на Виктор Орбан кон Западен Балкан, а таа не е идентична со политиката на ЕУ“.

– Тој ја фаворизира Србија на Вучиќ, не можеме да имаме целосна доверба во неговата мотивација. Се чини дека тој повеќе зборува во интерес на неговата родна земја. – Мора да има јасна порака дека Отворениот Балкан има смисла само ако целиот Западен Балкан е таму, рече Бибер.

Зборувајќи за европскиот пат на Западен Балкан, Бибер со став: Очигледно е дека овој пат нема да заврши со скорешно членство во ЕУ, никој не зборува за 2025 година, тој пат ќе трае, зависи од ситуацијата во регионот и во ЕУ. Има неколку начини – исполни ги условите и ќе бидете член, Унгарија вели биди наш партнер и постапувај како нас и ние ќе се заложиме за членство. Другите земји нема да дозволат такво членство. Сите земји мора да се согласат за членство.

– И за Германија и за Франција е предизвик да ја реформираат ЕУ и да примат нови членки, рече Бибер во интервјуто за вестите на Н1.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска