Безвизниот режим ќе може да го укине ЕК, но под контрола на Европарламентот и Советот

Од:

Европската комисија не ќе може така лесно, со барање на некоја земја-членка на Европската унија, да го примени вчера-усвоениот механизам за привремена суспензија на безвизниот режим за Македонија, земјите од Западен Балкан и останатите држави што сега немаат потреба од виза за влез во Унијата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од канцеларијата на еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром, на чија иницијатива се донесе овој механизам за можна суспензија, денеска ја објаснија процедурата според која во иднина би можел да се употреби механизмот за некоја од третите земји, а за што контрола ќе вршат и Европарламентот и Советот.

– Комисијата верува дека механизмот за суспензија на безвизниот режим треба да се применува само како привремена мерка во јасно дефинирани вонредни ситуации, како на пример во случај на ненадеен висок наплив на нерегуларни мигранти или ненадејно зголемување на неосновани барања за азил од трети земји. Но, и во овој случај е потребен итен одговор со цел решавање на тешкотиите со кои се соочуваат засегнатите земји-членки имајќи го предвид севкупното влијание од итната ситуација на ЕУ во целост и последиците за надворешните односи на Унијата со привременото враќање на визите – коментираат од Комисијата.

evropska-unija

Како што појаснуваат од неформалната Влада на Европската унија, одлуката за времена суспензија на безвизниот режим кон некоја земја во никој случај не би била автоматска. Како што е предвидено, по известувањето од страна на земјите-членки за вонредната ситуација, Комисијата ќе ја процени ситуацијата и потребата од укинување на визниот режим за некоја трета земја.

– Оваа проценка ќе ги земе предвид бројот на земјите-членки погодени од ненадејната појава на која било од ситуациите наведени во овој предлог и целокупното влијание од истите на миграциската ситуација во Европската унија. Одлуката за времена суспензија на визната либерализација ќе биде усвоена низ постапка на комитологија (процес во ЕУ со кој се менува закон на Унијата) со пренесување на овластувањата за спроведување на Комисијата. Европскиот парламент и Советот ќе имаат право на контрола, појаснуваат од Еврокомисијата.

Ова значи дека и покрај стравувањата, вчерашните изјави на Малстром, но и на европратеничката Тања Фајон, дека тешко е за верување оти механизмот и воопшто би се применил на земјите од Западен Балкан, посебно што освен од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и останатите земји драстично го намалија бројот на азиланти и лажни емигранти од своите земји.

Денеска, во кругови на официјален Брисел се шпекулира дека овој механизам, ако некогаш се употреби, тогаш би бил ставен за враќање на визите кон граѓаните на Канада и САД, но како реципроцитетна мерка на можен таков чекор од канадско-американските власти кон гражаните на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски