Бесплатен пијалак за вакцинираните во некои кафулиња во Црна Гора

Од:

Во Црна Гора, секој што е вакциниран и има потврда за тоа, од денеска може да добие пијалак во одредени угостителски објекти.

Претставникот на Угостителите на Црна Гора, Никола Буздован, за утринската програма на ТВЦГ изјави дека со тоа сакаат да дадат свој придонес пред туристичката сезона.

Вакцинираните лица ќе можат да добиваат пијалаци на одредени места.

– Побаравме поддршка од Министерството за здравство и економија, но не ја добивме. Сепак одлучивме да продолжиме со тоа во нашите можности – рече Буздован.

Тој посочи дека целта на кампањата е да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат, барем во угостителството и хотелиерството.

Би можело да ве интересира

Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка

Ана Ололовска

Киракиду: Се наоѓаме во кревка фаза од пандемијата

Ана Ололовска

Ревакцинација со друга вакцина за Грците под 60 години со здравствени проблеми што примиле прва доза Астра Зенека

Ана Ололовска

Дутерте се заканува со затворска казна за оние кои нема да се вакцинираат против Ковид-19

Ана Ололовска

Вакцината на кубанските експерти покажала ефикасност од 92,28 отсто

Ана Ололовска

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот регистриран во 92 држави

Ана Ололовска