Бесплатен јавен превоз за жителите на Приштина во следните 30 дена

Од:

Жителите на косовскиот главен град од денеска во наредните месец дена ќе можат бесплатно да го користат превозот со автобусите на градското јавно сообраќајно претпријатие.

Во објава на својата страница на Фејсбук, приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од Ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите кои патуваат со тие автобуси“.

Тој информира дека Советот на општината го прифатил предлогот на дел од советниците за четиримесечен бесплатен превоз со автобусите на јавното претпријатие, но тој не може да се спроведе без измена на буџетот на општината.

-Наспроти добриот предлог, таквите одлуки кои влијаат на буџетот не можат да се донесат без измена на буџетот. Годинава можеме да го направиме тоа, но за 2021 немаме буџет, затоа што републичкото Собрание сè уште не го усвоило, напиша Ахмети.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски