Бериша жестоко ја нападна амбасадорката Ким: Како да е претставник на Рама, а не на американската Влада

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, повторно ја „нападна“ американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.

На средбата со граѓани во Решен, Бериша јавно го постави прашањето дали „наодите во извештаите на американскиот Стејт департмент, се преточени во изјави на американски претставници во Тирана“ и самиот одговори дека „тоа не се случило“ додавајќи дека амбасадорката Ким е „претставник на Еди Рама“.

-Се фали како да е претставник на Еди Рама, а не на американската влада. Стејт департментот во своите извештаи наведува дека Албанија има неконтролирана корупција на сите нивоа, но како е можно овие изјави да не се преточат во изјави на американските претставници во Тирана? Па, дали овие меѓу најсериозните наоди на американската влада се преточени во изјавите на претставниците во овие 8 години во Албанија? Потсетете се за момент, застанете, Албанија денеска се искачи на второто место во светот за корупција. Дали сте слушнале нешто вакво од претставниците на амбасадата, освен пофалби, како да се претставници на Еди Рама а не претставници на американската влада. Ова е вистината, додал Бериша, јави агенцијата Балкан веб.

Претходно Бериша амбасадорката Ким ја обвини дека се однесува како „гувернерка, идентично како поранешните руски амбасадори во Тирана“.

Тој се задржал и на иницијативата „Отворен Балкан“ оценувајќи дека како „трилатерален сојуз всушност значи воспоставување на српска хегемонија во регионот и автоматски е руско влијание во регионот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски