Бериша: Вучиќ малиот Путин на Балканот е закана за мирот и стабилноста во регионот

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, реагираше во врска со ставот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за реципроцитет на регистарските таблички со Косово.

Бериша во објава на Фејсбук напиша дека на денешната прес-конференција Вучиќ му се заканувал на Западот за Косово.

-Претседателот, големосрбоманот Вучиќ денеска свика вонредна прес-конференција на која отворено му се закани на Западот, наведувајќи дека „не верува дека сакате конфликт на Косово“, пишува тој.

Бериша, кој веќе се смета за лидер на Демократската партија уште наведува дека „Вучиќ е закана за мирот и стабилноста во регионот и дека претставува мал Путин на Балканот“.

-Го предупредувам претседателот на Србија да ги остави заканите и да не се осмелува на никаков авантуристички чин, бидејќи го чека судбината на касапот на Балканот, неговиот духовен отец Слободан Милошевиќ, наведува Бериша.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша во куќен притвор

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Поранешниот албански премиер Бериша обвинет за корупција, тој вели дека зад тоа стои Еди Рама

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски