Бериша пред утрешниот протест му порача на Рама што побрзо да си даде оставка а на полицијата и се закани доколку употреби сила

Од:

Поранешниот албански премиер, експремиер и лидер на крилото на опозициската Демократска партија, за нејзина обнова, Сали Бериша, пред утрешниот протест, свикан од него рече дека тој е „ епски протест“ побара масовно да се соберат и да му „кажат на автократот дека негите денови се изброени“.

Додаде дека ова е протест од витално значење за Албанија, бидејќи Еди Рама и неговиот тим ги злоупотребуваат слободите, финансиите, битието и достоинството на албанските граѓани.

-Ова е и порака и повик до сите Албанци да се приклучат на оваа праведна кауза. Кауза, која има заеднички именител а тоа е заштитата на слободите на Албанците. Тоа е и почит на сите оние кои утре ќе го наполнат булеварот во епски протест, би рекол, во протест од витално значење за Албанија, бидејќи како секој час и секој ден, Еди Рама и неговиот тим злоупотребуваат со слободи, со финансии, со битие, со достоинство на албанските граѓани. Температурите се високи, но уште поголема е народната омраза кон овој нарушувач на причините за слободата. Се е поврзано со слободите на албанските граѓани. Етузијазмот е голем а незадоволството безгранично, рече Бериша.

Тој предупреди на „остра реакција доколку полицијата насилно реагира врз демонстрантите на протестот“.

-Секој обид за заплашување и насилно однесување врз учесниците на протестот од страна на полицијата ќе биде евидентиран и ќе добие заслужена лична и законска казна, се закани Бериша.

Протестот закажан се одржува под мотото „ Албанија во опасност-Не вели што ќе ми е мене?“, собирно место е седиштето на Демократската партија во 19 часот, од каде продолжуваат до пред влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски