Бериша: Опозицијата планира да се крене посилно отколку пред изборите

Од:

Поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен претседател на Демократската партија, Сали Бериша најави дека „опозицијата ќе се крене посилно отколку пред изборите“.

– Опозицијата ќе се крене посилно отколку пред изборите. Тоа е една неисполнета мисија, чија реализација е од суштинско значење. Сега на секој Албанец треба да му е апсолутно јасно дека со Еди Рама има само пропаст, заминување од Албанија и измама, изјави Бериша гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија Ора њуз.

Коментирајќи ја одлуката на Советот на Европската унија да не и даде датум на Албанија за почеток на преговори, рече дека „ЕУ ја треснала вратата пред премиерот Еди Рама и неговата власт“.

– На Еди Рама и неговите гангстери на власт, на оние што ја изградија првата наркодржава во Европа им ја треснаа вратата пред лице. Зошто на Еди Рама? Европа има сигурна меморија во која не треба да се сомневаме. На Европа и е јасно дека Рама дојде на власт откако ја блокираше својата земја. Застана за советниците во Фиер, за трите закони за кои се преговараше и беа договорени, бидејќи директорот за проширување, Италијанецот Санино, поранешен советник на Романо Проди, дојде кај мене и јас без никакви проблеми го убедив да направат отстапки, доволно да поддржат демократски стандарди. И Рама го прифати секој збор од тие закони, но не ги гласаше затоа што заговараше со личност која уште тогаш ја нарекував потенцијално руски агент, Штефан Филе, обвини Бериша.

Тој го повтори ставот дека се спротивставува на промена на границите на Косово со Србија и каква било поделба „врз телото на албанските простори“. Посочи дека откако ја напуштил власта „Рама и Тачи го направиле Косово плен, но за среќа поранешниот премиер Рамуш Харадинај најде начин да ги запре“. Косовскиот претседател Тачи го нарече „српски аргат во Приштина“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија