Бериша: Државата има само едно решение – револуција

Од:

Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша изјави дека револуцијата што ја најави опозицијата ќе започне многу брзо.

На редовната неделна средба со новинарите, Бериша рече дека „земјата има само едно решение а тоа решение е револуцијата”.

– Само граѓаните можат да и стават крај на оваа ситуација, инаку Албанија оди кон целосна социјална дезинтеграција. Замислете си. Увозот со Колумбија е зголемен за 60 пати од 2015 година до денес. Што се случува? Сето тоа е кокаин. Немам информации дека „Исмаил“( име на авион на албанската државна воздухопловна компанија) полетал за Колумбија. Но имам информации дека прави сомнителни летови. Истрагата и само истрагата е клучна. Оваа земја има само едно решение и тоа решение е револуција. Како единствено решение, рече тој.

Бериша зборуваше и за симболите на ДП и за случајот во судот во врска со партискиот печат.

– Согласно законот ние го имаме печатот, знамето, логото и знамето и ќе учествуваме на локалните избори на 14 мај. Ги направивме најсериозните подготовки во нашата изборна историја, рече тој.

Откако на почетокот на минатата година Бериша со приврзаниците насилно влезе во седиштето на партијата тој веќе ги користи истите, како и симболите. Се чека одлука на судот кој може да го користи печатот што ќе значи и право за учество на изборите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија