Бериша: Белград му наредил на Рама да го тужи Харадинај

Од:

Поранешниот албански претседател Сали Бериша смета дека Белград му наредил на албанскиот премиер Еди Рама да поднесе тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Хардибај, оценувајќи дека тоа претставува најнов чин на предавство во низата која Рама ја стори против незвисноста на Косово.

Бериша на својот профил на Фејсбук напиша дека тоа претставува големо понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово.

„Ова тужба што ја нарачал Белград, е последната во серијата акти на народно предавство, сторено против независноста на Косово, неговиот територијален интегритет и суверенитет“, напиша Бериша на Фејсбук.

Тој додаде дека српскиот претседател Александар Вучуќ стои зад нападот што доаѓа од Тирана.

„Вучиќ му наредил на предавникот под итно да поднесе тужба против косовскиот премиер. Пријатели, секој час што ќе го минете држејќи го овој предавник на чело на нарко-владата е понижување за секој Албанец, за Албанија и за Косово, напиша Бериша , пренесе Косово онлајн.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов