Беливук уште во 2016 година убил и запалил човек

Од:

Срѓан Лалиќ, сведок-соработник, кој зборуваше за сите тајни на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во Специјалниот суд во Белград, меѓу другото, изјави дека Вељко Беливук почнал да убива во 2016 година.

Сведокот-обвинет, кој раскажуваше за сите злосторства на најмонструозниот клан кој киднапирал, мачел, убивал, а потоа брутално ги сечел на парчиња и ги мелел во индустриска мелница за месо своите жртви, а потоа во вреќи ги фрлал во Дунав, спомна дека кланот работел како вистински картел од 2019 година, но дека постоел и пред тоа.

Имено, Лалиќ во своето сведочење изјавил дека криминалната организација постоела и во 2016 година, во времето кога бил жив Александар Станковиќ или Сале Мутави, водачот на навивачите на Партизан.

– Во 2016 година им обезбедив парцела на Вељко и на покојниот Александар Станковиќ за која ми рекоа дека ќе се користи за запалување на некои документи, а таму беше убиен и изгорен за мене непознат човек. Вељко ми се довери кога бевме заедно во Шпанија – зборуваше за уште едно убиство, но не кажа детали, ниту за кој човек станува збор.

Лалиќ, да потсетиме, ги кажа своите сознанија за криминалната организација која работела како белградски огранок на Кавачкиот клан, која според обвинението се товари за седум убиства, но Лалиќ во досегашното сведочење рекол дека кланот извршил повеќе од 15 убиства.

Инаку, член на кланот бил и Срѓан Лалиќ, но склучи договор со Обвинителството за организиран криминал. Тој се согласил за помала казна да раскаже се за бруталните злосторства на криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и треба да биде осуден на 18 години затвор.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски