Белградскиот насилник и порано тепал, девојката пак отишла кај него откако ѝ удри клоца во лице

Од:

Со брза акција на српската полиција, уапсен е насилникот кој вчера ја згрози српската јавност откако на плажа ѕверски ја удри својата девојка со нога во лицето пред десетици очевидци, а снимката од инцидентот предизвика бран од реакции.

Од видеото објавено на социјалните мрежи, идентификуван е и уапсен 34-годишниот Н.В., претходно неосудуван, кој е осомничен дека на плажа на полуостровот Ада Циганлија на реката Сава, физички ја нападнал неговата девојка Д.Т. (36).

Претходно, белградската полиција ги повикала сите кои имаат сознанија за идентитетот на сторителот, тоа да го пријават, а како што соопшти српското МВР, тој бил откриен и фатен токму како резултат на соработката со граѓаните.

Според неофицијални информации кои ги објавија српските медиуми, уапсениот и претходно ја тепал својата девојка, а таа истата вечер по грозоморниот инцидент на плажата, отишла во неговиот дом, каде наводно ја продолжиле расправијата.

На осомничениот за кривичното дело „насилничко однесување“ му е одреден притвор во траење од 48 часа. Според медиумите, тој се бранел со молчење, додека девојката одбила да оди на лекар за да ѝ биде издадена потврда за претрпените повреди.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски