Бегалскиот камп во Грција ставен во карантин

Од:

Со заедничка одлука на Министерствата за цивилна заштита, за здравство и за миграциска политика на Грција, бегалскиот камп во близина на грчкиот град Килкис, до 17 јуни е во карантин и е ограничено движењето на бегалците и мигрантите што се сместени таму, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција.

Дополнително не се објаснети причините, меѓутоа според грчките медиуми, во изминатите денови бил регистриран позитивен случај на Ковид-19 кај бремена жена, која престојува во кампот.

Од надлежното Министерство, соопштија и дека до 21 јуни 2020 година се продолжуваат мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус во три други бегалски кампови како и во центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти што се наоѓаат на островите.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он