Бегалците и мигрантите си заминаа од грчко- турската граница кај Еврос

Од:

Бегалците и мигрантите, кои речиси еден месец беа насобрани на турска страна и насилно и нелегално се обидуваа да влезат на грчка територија, а доста често, во Грција, медиумите и официјалните лица тврдеа дека се помогнати од турските власти, во текот на ноќта го растурија импровизираниот камп и си заминаа од Еврос, јави дописничката на МИА од Атина.

Πред да започне отстранувањето на бегалците и мигрантите, според извори од Атина, турските власти ги запалиле шаторите во близина на границата со Турција.

Грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанокот со надлежните министри во однос на ситуацијата на границата со Турција, а на почетокот реле дека е констатирано дека „импровизираниот камп на границата, се чини дека се растури, а оние кои што беа на границата кај Еврос си заминаа оттаму“.

-Веројатно се затвора едно поглавје, но оваа битка, без сомнежи, продолжува, додаде Мицотакис, истакнувајќи дека покажале способност и ефикасност да ги заштитат копнените и морски граници.

Грчкиот премиер рече дека фактот што можеби во следните денови, седмици, месеци, нема да постои ваков вид на зголемен притисок, не значи дека не треба да воспостави човечки и технолошки механизам, „што ќе гарантира дека границите биле, се и ќе останат целосно заштитени, така што никој нема да може повторно да ги уценува Европа и Грција, како што некои се обидоа да го сторат тоа во изминатиот месец“.

На состанокот, одржан на далечина, како што е веќе пракса, поради коронавирусот, а на кој присуствуваа надлежните министри и заменици за цивилна заштита и за одбрана, била истакната потребата да продолжи да се зајакнува за оградата на Еврос, но и дека треба да се даде тежина на заштитата на морските граници, како и важноста да има редовно европско присуство, како кај Еврос, така и на островите.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски