Бечиќ: Речиси 90 отсто од граѓаните немаат претставници во владата на Црна Гора

Од:

Речиси 90 отсто од граѓаните на Црна Гора не се застапени во 43-та црногорска влада, изјави лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ.

Бечиќ на Твитер напиша дека Црна Гора на многу негативни начини покажува дека е земја на антиевропско и антидемократско однесување.

„Ние сме земја на чудата бидејќи денес имаме влада во која речиси 90 отсто од граѓаните на Црна Гора немаат свои претставници“, рече Бечиќ.

Според него, пратениците во Собранието, спротивно на Уставот и позитивните прописи, свикале седница на која ги донеле најголемите одлуки на системот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски