Бечиќ: Не сум видел никаква верзија на Темелниот договор со СПЦ

Од:

Претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ вели дека не видел никаква верзија на Темелниот договор со Српската православна црква.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека за него е прифатливо се што договорила владата со другата страна.

Бечиќ тоа го рече одговарајќи на новинарски прашања во Собранието и додаде дека немал можност да ја прочита конечната верзија на Темелниот договор за кој премиерот Здравко Кривокапиќ во средата изјави дека е подготвен да го потпише.

„Не сум гледал ниту една верзија на Темелниот договор. Останувам на она што го кажав претходно, тоа е во надлежност на извршната власт, владата“, рече Бечиќ.

Како што наведе, за него е апсолутно прифатливо се што се согласува власта со другата страна.

Тој додаде дека на ист начин се однесувал и кога претходните извршни власти склучувале темелни договори со другите верски заедници.

Запрашан дали знае дека тоа ќе биде на дневен ред на владината седница, Бечиќ рече дека во зависност од околностите со премиерот и министрите разменил мислења за се што „сега е одлика на општествено-политичката сцена“.

На прашањето дали мисли дека е време да се потпише Темелниот договор со оглед на ситуацијата во земјата, Бечиќ рече дека е легалист. „Секогаш е време кога има договор меѓу двете страни“, рече Бечиќ, пренесе РТЦГ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

А1он

Дојавите за бомби во белградските училишта ќе биде окарактеризирани како терористички акт

Ана Ололовска

Во 97 училишта во Белград дојави за поставени бомби

Ана Ололовска

Со свеченост по повод стогодишнината од обновата на Пеќката патријаршија почна годишниот Собор на СПЦ

Вучиќ: Не најавувам санкции, издржавме 80 дена, ќе се бориме за нашата политика

ВИДЕО: Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад повредени се две жени и две деца од Македонија

Катерина Павлова-Николовска