Бебето го фрлила во ѓубре, родителите и го зеле па го закопале на поле

Од:

Грчката полиција го истражува случајот со мртвото бебе, чие тело вчера е пронајдено закопано недалеку од Лариса.

Целиот случај e откриен кога жена (38) пристигнала во болница со силни болки и обилно крварела. При прегледот лекарите констатирале дека жената неодамна се породила, а во матката нашле делови од плацентата.

Жената која добила сепса упорно негирала дека е бремена и не сакала да одговори на лекарското прашање.

Веднаш била повикана полиција, која набрзо открила дека жената се породила во бањата од нејзиниот дом во Лариса, а потоа го фрлила бебето во ѓубре. Грчките медиуми јавуваат дека родителите на родилката потоа го извлекле новороденчето од контејнерот и го однеле на околу два километри од селото, каде што го закопале детето во нива сопственост на семејството.

Полицијата вчера излегла на местото на настанот со членовите на семејството на родилката и почнала да го ископува телото на бебето.

Извор од истрагата открива дека се работи за момче кое се здобило со удари во главата. Сепак, првите сознанија укажуваат дека детето е мртво родено.

Направена е обдукција и се чекаат дополнителни наоди за да се утврди како починало бебето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Запленети 160 килограми кокаин во Грција, биле скриени во контејнер со банани

Ана Ололовска

Скандал во Грција: 15 деца починаа за време на операција на срцето, сите оперирани од ист кардиохирург

Горан Наумовски

Грција ќе добие службена влада

Катерина Павлова-Николовска

Владејачката Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на изборите во Грција

Горан Наумовски

Избори во Грција: Нова демократија со 20 отсто разлика пред Сириза

Катерина Павлова-Николовска

Избори во Грција: Мицотакис води, но тешко ќе формира влада

Катерина Павлова-Николовска