Бато ги доби сите битки, па ќе ја добие и оваа

Од:

„Валтер сигурно ќе добие уште една битка“, вели Лула Живојиновиќ, сопругата на легендата на српскиот театар Велимир Бата Живојиновиќ (79), кој во вторникот доживеа мозочен удар.

Свесна за сериозноста на она што се случи со нејзиниот животен сопатник, Лула рече дека за закрепнувањето ќе биде потребно време и внимание, но таа е оптимист, „со моето и неговото трпение, тој ќе победи во оваа битка“.
„Јас сум цело време со него. Тој е свесен и се обидува да комуницира. Тоа е добар знак. Болеста е таква и ние треба да почекаме неколку дена. Сега сите параметри укажуваат дека се оди во позитивна насока“ изјави таа за новинарите и додаде „Им благодариме на сите кои не поддржуваат во овие тешки времиња“.

Бата доби удар во вторникот наутро. Брзата реакција и присебноста на сопругата и лекарите помогнаа да се избегне фаталниот момент. Тој се уште се бори за живот во болницата „Свети Сава“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов