Бата Живојиновиќ успешно се опоравува

Од:

Познатиот глумец Бата Живојиновиќ, успешно закрепнува во болницата „Свети Сава“, после тешкиот мозочен удар, кој го доживеа во вторникот, напишаа вечерва „Вечерње новости“.

Тој е вон животна опасност, а според прогнозите , лекарите очекуваат натамошно подобрување.

Лекарите велат дека на глумецот, пред два дена му пукнал крвен сад во мозокот, кој потоа предизвика мозочен удар.

„Сите сме оптимисти, но Бата е ненадминлив. Добро е расположен и се шегува“, изјави домашен пријател на Бата Живојиновиќ.

На посета беа глумците Драган Николиќ и Драган Белогрлиќ, партиските другари на Бата, претседателот на Социјалистичката партија Ивица Дачиќ. Мандатарот за нова српска влада не сакал ништо да коментира.

Пред шест години Бата Живојиновиќ преживеа срчев удар. Од инфарктот, срцето му е оштетено, крвните садови му се во лоша состојба и е дијабетичар. Боледуваше и од гангрена, која успешно ја излечи на Куба.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати