Баша: Псевдо-тужба на Рама против Харадинај, грда анти-национална перверзност

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, остро го критикуваше премиерот Еди Рама за обвинението против Рамуш Харадинај.

Во реакција на Фејсбук, Баша вели дека псевдо-судската постапка на Еди Рама против косовскиот премиер е „низок чин што ги срами сите Албанци и како таков заслужува легитимно отфрлање и револт“.

– Псевдо тужбата на Еди Рама против косовскиот премиер е грда анти-национална перверзија. Срамно е Рамуш Харадинај, по неговата крв и неговото семејството за ослободување на Косово, по битките со монтирани обвиненија од Белград, да се соочува со последиците од дегенерацијата и вазализмот на Еди Рама. Овој низок чин што нè засрами сите заслужува легитимно отфрлање и револт против неуспешниот премиер и неговиот политички и морален банкрот пред Албанија и целата албанска нација, напиша Баша.

Премиерот на Албанија Еди Рама поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, за клевета. Рама тужбата ја поднесе пред Основниот суд во Приштина.

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Во тужбата се споменуваат неколку емисии, во кои Харадинај зборувал на оваа тема и го обвинил Рама дека заедно со претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја иницирале идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово.

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај рече дека ќе одоговори на поканата на судот и додаде дека тужбата нема никаква основа.

– Тужбата од страна на премиерот Рама е целосно неоснована, се работи за политички диверзитет што се прави од негова страна за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово има луѓе кои ќе ја бранат неа во секое време, напиша Баша.

Би можело да ве интересира

Опозицијата го поддржува протестот на кој повикува претседателот Мета

Ана Ололовска

Мета: Одбраната на Уставниот суд е црвена линија на секој чесен Албанец

Ана Ололовска

Албанија со зајакнати мерки по зголемениот број заразени од коронаврус во Италија

Ана Ололовска

Во сообраќајка во Албанија загинаа двајца сириски имигранти, а осуммина се повредени

Ана Ололовска

Мета со порака за протестот на втори март: Сакаме Албанија како цела Европа

Ана Ололовска

Албанија повторно на „сивата листа“ за перење пари, министерката за правда бара повисоки казни

Ана Ололовска