Баша: Почнуваме со национални протести против Владата на Еди Рама

Од:

Oбединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) најави секојдневни национални протести против Владата на премиерот Еди Рама.

Одлуката за тоа ја соопшти лидерот на Демократите, Љуљзим Баша по средбата со претставниците на другите партии, кои ја сочинуваат обединетата опозиција.

– Денеска е уште еден лош пример дека земјата ја води опасен криминалец и крадец. Тој ја зграпчи како заложник државата на Албанците, институциите, лебот од устата на Албанците, нивната душа и култура. Веќе седум години ДП и опозицијата се борат против ова зло и авторот на ова зло, а тоа е Еди Рама. Тоа зло мора да си замени, затоа ги повикувам сите граѓани на масовните национални протести, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, изјави Баша.

Тој спомнувајќи го договорт со Рама постигнат пред три години пред парламентарните избори, истиот го нарече „грешка што нема никогаш да ја повтори“.

– Пред три години седнав со него за доброто на земјата, но времето покажа дека не сум бил во право. Им гарантирам на Албанците дека оваа грешка никогаш повеќе нема да се повтори. Ние ќе преземеме чекори за да се ослободиме од злото – Еди Рама, додаде Баша.

И тој и Моника Круемади, лидерка на третата по големина политичка партија во земјата, Социјалистичкото движење за интеграција, се уште се на плоштад заедно со голема група граѓани, главно млади луѓе.

Таа ги повика сите граѓани и политички партии да се „придружат на отпорот кој почнал од денеска“. Зборувајќи за насилството што полицијата го применила врз демонстрантите, таа додаде дека насилно се однесувала полицијата и кон неа, но дека не била приведена.

Според полицијата пак приведени се 37 лица меѓу нив има и актери и новинари.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов