Баша од Националното собрание на партијата го поистовети Рама со Енвер Хоџа

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската партија, Љуљзим Баша, од денешното Нацонално собрание на партијата повика на отстранување на премиерот Еди Рама од власта со цел „стопирање на на пропаста на Албанија“.

Тој уште побара да се продолжи со обвинувањата и демаскирањата кон владата а повика сите албански граѓани да се придружат на студентските протести „кои се одржуваат насекаде во Албанија“

– Од денеска треба да бориме за промени,не за власт.Само така утре ќе имаме одговорна,демократска,транспарентна и мирољубива влада. Еди Рама ја донесе Албанија на работ на пропаста. Тој треба да си оди. По Енвер Хоџа, кој нанесе најголемо зло на Албанија,Рама е веднаш зад него,затоа само со негово заминување ќе ја спасиме земјата од целосен пропаст,-порача Баша.

Според него заминувањето на Рама од власт е прв чекор кон промени во предводењето на земјата. Тој исто така смета дека „Рама и целата криминална банда, со која ја уништил Албанија, треба да се изнесат пред лицето на правдата“.

– Убеден сум дека за да падне владата на Рама нема потреба од насилство, туку секојдневно присуство пред него, противејќи се на неговото лошо владеење. Соборувањето на Рама е неопходно, затоа да се придружиме сите на протестите на студентите, граѓаните, малиот бизнис, земојделците, -порача Баша.

Делегатите на Националното собрание на Демократите избираат нов Национален совет на партијата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија