Баша: Народот стави печат на падот на криминалната влада на Рама

Од:

Со обраќањето од пред седиштето на Демократската партија на лидерот Љуљзим Баша, пеење на албанската национална химна и со извикување од насобраниот народ „Баша, Баша, Рама оди си“, заврши синоќешниот трет национален протест на албанската обединета опозиција.

Протестот кој траеше околу четири и пол часа, според Баша е најмасовен во историјата на земјата.

– Денеска ставивме непремостлив печат, за сите чесни Албанци, заминувањето на Еди Рама и владата на криминалот. Тие се обидоа да го растурат протестот пред да започне, но ние успеавме. Криминалната и нелегитимна Влада на Рама се одржува со парите од криминалот и со непријателите на албанскиот народ, но никаков незаконски обид не може да ги задржи на власт затоа што нивниот крај е запечатен, порача Баша.

Тој најави дека протестите ќе продолжат со идентичен интензитет, се додека не падне владата на Еди Рама.

– Ќе ја продолжиме оваа битка, бидејќи сме на сигурен пат кон ослободување на земјата од криминалната клика. Денеска сме морално и физичко мнозинство, мнозинство кое засекогаш ќе ја смени судбината на земјата, враќајќи ги вистинските вредности на демократијата, рече Баша.

Почесниот претседател на демократите Сали Бериша, според кого на протестот имало над 200.000 учесници, смета дека протестот му покажал на светот дека Албанците се во востание.

Лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета, порача дека секој иден премиер треба да направи психолошка анализа, бидејќи земјата не може да биде во рацете на психички болен човек, алудирајќи на Рама.

Рама, пак, кој е во официјална посета на Кувајт побара солидарност со полициските службеници, а Баша и Круемади ги нарече „слепи политичари“, кои одат по патот на самоуништување. Тој во Тирана не беше и на претходните два народни протеста, одржани во февруари и во март.

Инаку, протестот беше преполн со тензични ситуации, прво со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, а потоа пред Парламентот.

Од пиротехнички средства и тврди предмети фрлани кон полицискиот кордон повредени се петмина полицајци. Пренесени се во Универзитетската клиника. Едниот од нив е со изгореници на лицето.

Демонстрантите пред Парлементот уништија повеќе излози на дуќани, а запалија и едно возило и повеќе контејнери за отпад.

Полицијата освен солзавец употреби и водени топови.

По завршување на протестот приведени се најмалку 20 лица.

Би можело да ве интересира

Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

А1он

Министри од Владата ја бодрат Албанија во Тирана, ги нема на натпреварите на Македонија

Орце Костов

Одобрено е повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Се засилуваат заложбите повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик во Тирана – нови чекори за иницијативата

Рама: И Зеленски ќе заврши како лидерите на ОВК

Горан Наумовски