Баша ќе ја предоводи листата на пратеници за ИЕ Тирана

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша гостувајќи во емисија на Њуз 24 соопшти дека на парламенетарните избори, на 25 април, ќе ја предводи кандидатската листа за Тирана.

– Ќе учествувам во изборната кампања низ целата земја, но моето име ќе биде во главниот град. Во Тирана првпат ја добив довербата за пратеник, потоа за градоначалник, затоа ќе бидам на кандидатската листа за пратеници и овој пат. Несомнено како претседател на партијата и како кандидат за премиер на здружената опозиција, јас ќе водам кампања низ целата земја, рече Баша.

Сепак не даде прецизен одговор дали доколку сепак владејачките социјалисти по третпат освојат мнозинство од гласовите, ќе поднесе оставка од лидерската фунција во партијата и дали ќе ги признаат изборните резултати.

– На прашањето ќе одговорам со прашања. Ако 85 отсто од Албанците бараат промена, ако 70 отсто од Албанците мислат дека економијата е во многу лоша состојба, ако 52 отсто од Албанците мислат дека Албанија има надеж со Љуљзим Баша како премиер и 60 отсто од Албанците мислат дека еден ден повеќе а не еден мандат повеќе е причина за нивното масовно заминување од земјата? Не гледате ли јасен одговор што се очекува да се случи на 25 април, запраша Баша.

Четириесет и седум годишниот Баша, на чело на партијата дојде во 2013 годна, откако Сали Берша се повлече по поразот на демократите на парламентарните избори. Баша беше градоначалник на Тирана во периодот 2011–2015, а претходно бил член на советот на Тирана. Бил министер за транспорт и врски во владата на Сали Бериша во периодот 2005–2007, министер за надворешни работи 2007–2009, како и министер за внатрешни работи во периодот 2009–2011.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија