Баша го обвинува Рама за екстремна сиромаштија, Рама вели дека има умерена сиромаштија

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша, обвини дека Албанците секој ден стануваат се посиромашни од корупцијата на Владата на Рама.

На Фејсбук, Баша објави видео каде го покажува она, како што тој го нарекува „уништување на економијата и земјата од корупцијата на владата на Еди Рама „која условува екстремната сиромаштија”.

– Корупцијата на Владата „Рама“ секојдневно не осиромашува. Еден од секои три тендери се доделени без натпревар, 229 милиони евра се потрошени за владин луксуз. Колку подолго постои оваа влада, толку повеќе корупција и уште посиромашен народ, тврди Баша.

Од друга страна премиерот Еди Рама вели дека се обидуваат да ја намалат сиромаштија, но оти толку се можностите.

– Не сме во некоја екстремна сиромаштија. Таквите случаи се бројат. Според Светска банка имаме умерена сиромаштија, која е во опаѓање. Ние ќе продолжиме да работиме на тоа, но доколку тоа го направевме пред 20 години, нивото на сиромаштија во земјата немаше да биде 33 отсто. За трипати повисока е социјалната помош, што се уште е многу малку, но толку се можностите. Светската банка потврдува дека потрошувачката продолжува да расте како резултат на економскиот раст, поддржан од растот на вработеноста, тврди Рама.

Тој посочува дека Владата направила многу за да им помогне на семејствата во социјален ризик и оти останува да се стори уште, со цел намалување на нивото на сиромаштија во земјата.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски