Баша: Бериша ја премина „црвената линија“, се обиде да ги доведе демократите до крвопролевање

Од:

Прогласувањето на Бериша за персона „нон грата“ првично беше „шок“ за нас, но сега од ден на ден гледаме како тој манипулира, лаже, преминувајќи ја црвената линија на 8 јануари, обидувајќи се да ги доведе демократите до крвопролевање, рече лидерот на албанската опозициска, Демократска партија, Љуљзим Баша пред приврзаниците во Драч.

dobivaj vesti na viber

Тој уште со обвинување до историскиот лидер Бериша, нарекувајќи го него и приврзаниците малцинство, кое се бори за неговите лични интереси.

-Тие се малцинство затоа што не ги обединува ниту една друга мака, ниту една друга кауза, туку само маката на еден човек, кој вети дека нема да ја земе партијата заложник на неговите лични интереси, но го прави спротивното. Демократите од Драч, како насекаде, ја избраа иднината, ја избраа надежта затоа што само така можеме да им служиме на Албанија и на Албанците, ставајќи крај на транзицијата, ендемската корупција и поделбите, која има за цел да ја задржи оваа земја заложник на мал грст луѓе, рече Баша.

Посочи дека Демократската партија е силна и решена да отвори ново поглавје во политичкото претставување и култура и во сојуз со граѓаните ќе донесе подобра иднина за сите.

Демократите ја преживуваат најдлабоката криза во партијата, откако во септември Баша го исклучи од пратеничката група Бериша, по барање на американската амбасадорка. Потоа следуваше исклучување на Бериша и негови приврзаници од сите партиски структури, вклучително и шест пратеници, со образложение дека „нема место за лица кои се закана за прозападната ориентација на Албанија“ а Бериша на референдум свикан од него го разреши Баша од лидерката функција.

На осми јануари приврзаниците на Бериша предводени од него се обидоа насилно да го заземат седиштето на партијата, при што предизвикаа голема материјална штета а мораше да интервенира и полицијата со солзавец и водени топови.

Бериша, неговата сопруга, синот и ќерката, за непожелни САД ги прогласи во мај годинава, заради вклученост во корупција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба Вархеји- Џачка

Ана Ололовска

Албанија: Нема кандидатура за претседател, утрешниот прв круг на гласање пропадна

Албанскиот Парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница

А1он

Конференцијата за одржлив развој на туризмот во Тирана: Ни треба регион отворен за нови пазари и иновативни идеи

Ана Ололовска

Финалето на Конференциската лига ги „полуде“ цените во хотелите во Тирана, ноќевање чини од 303 до 1.900 евра

А1он

Рама повтори дека СПАК треба да почне истрага за Бериша

А1он