Баша: 30 јуни ќе биде денот на политички погреб на Рама

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, преку Фејсбук порача дека 30 јуни ќе биде денот на политички погреб на премиерот и лидер на владејачките социјалисти Еди Рама.

Осврнувајќи се на следниот, деветти по ред, „национален протест“ на обединетата албанска опозицијата закажан за в петок 21 јуни во 20:00 часот, Баша оцени дека „сега е време за Албанија на сите Албанци.

– 30 јуни ќе биде политички погреб на Еди Рама, другарот на кланот Авдулај и криминалните банди. Албанците се дигнаа во национална битка за Албанија, како и цела Европа. Сега е време за Албанија на сите Албанци! Ниту чекор назад, напиша Баша на Фејсбук.

За 30 јуни се закажани локалните избори во Албанија, кои опозицијата ги бојкотира. Минатата недела, албанскиот претседател Илир Мета ги одложи изборите, но владејачката коалиција не ја признава оваа одлука и започна постапка за негово отповикување.

Во исто време, претседателката на втората по големина опозициска партија, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемеди му се обрати на премиерот Рама, барајќи од него да им објасни на Албанците како државата ја ставил во служба на криминалот.

Во објава на Фејсбук, Круемади вели дека Рама ја однел албанската држава во состојба идентична како Чикаго во 20-те години на минатиот век. Според неа, Рама ги раскарува Албанците.

Рама пак продолжува со изборните митинзи од каде порачува дека локалните избори нема ниту најмала можност да се одложат. Според него, освен „политичко самоубиство опозицијата нема шанси да ги попречи изборите“.

Би можело да ве интересира

Мајко: Харадинај поднесе оставка како вистински државник

Татјана Ташкова

Рама до Мета: Избори имавме, а 13 октомври е ден како и сите други

Ана Ололовска

Рикер: САД нема да биде судија во внатрешната политика на Албанија

Ана Ололовска

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори