Барањето на Турција за борбена опрема за Ф-16 најверојатно одобрено од САД

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да ја одобри продажбата на опрема за модернизација на американските ловци Ф-16 во сопственост на Турција, јави Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

Неофицијални извештаи, испратени до Конгресот, вклучуваат и прелог за продажба на ракети AIM-120 AMRAAM и AIM-9 Sidewinder, како и на борбена опрема и софтвер за Ф-16, што се веќе во служба во Турција.

Претходно, Волстрит џурнал информираше дека во април Анкара испратила барање до САД, за купување ракети и радари, што ќе бидат инсталирани на американските Ф-16 во сопственост на Турција. Според весникот, вкупната вредност на опремата што ја побарале турските власти, се очекува да надмине 400 милиони долари.

Извор на Блумберг тврди дека купувањето ќе чини над 500 милиони долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски