Бар, Улцињ и Сутоморе повеќе од 20 часа без струја

Од:

Жителите на Бар, Сутоморе и Улцињ и ова утро се без електрична енергија. Тие, како што пренесуваат тамошните медиуми, речиси дваесет часа се без електрична енергија. Прекинот на струја бил предизивикан од силните ветришта што ја зафатиле земјата и предизвикале дефект на далековод.

Надлежните соопштиле дека проблемот со електричната енергија во овие населени места би требало да се реши во текот на денот.

Снежните врнежи создадоа проблеми на поголемиот дел од патиштата во Црна Гора.

Сообраќајот од Подгорица до Сутоморе беше отворен само за патнички возила, додека патот Подгорица – Бар преку Паштровачка Гора беше затворен за сите категории возила.

Денеска според црногорските синоптичари се очекува стабилизација на времето.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски