Бановиќ: Црногорската Влада не може да обезбеди услови за регуларен изборен натпревар

Од:

Изборите се најреална опција за решавање на политичката криза во Црна Гора, но актуелната влада не покажува дека може да обезбеди услови за регуларен изборен натпревар, ниту, пак, тоа треба да и се препушти, изјави заменик претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Борислав Бановиќ.

Коментирајќи ја изјавата на еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Милан Кнежевиќ, дека тие ќе бараат меѓународно посредување со цел да се создадат услови за одржување предвремени парламентарни избори, Бановиќ кажа дека домашните политички актери мора да најдат соодветен модел на Влада и да обезбедат демократски изборен процес.

-Доколку дипломатските претставници во земјата можат да придонесат во потрагата по решение, тие треба да се искористат. Ние не сметаме дека друг вид интернационализација е пожелен и неопходен, посочи Бановиќ.

Тој додаде дека сите членови на четворниот сојуз: ДФ, Демократи, Српската православна црква и Ура, по неуспешниот експеримент со владата, признаа дека е изгубена скапоцена година.

-Место да ги решат насобраните економски, политички и здравствени проблеми тие неодговорно и несериозно потрошија една година во расправии за функции и партиски распределби, рече тој.

Бановиќ смета дека фактот што веќе пет месеци ги блокираа најважните државни органи: Собранието и Владата, а кои тие самите ги водат, доволно зборува за натамошната неодржливост на моменталната ситуација.

-Затоа распуштањето на таквата влада и разидувањето на таквото мнозинство е веројатно најдобриот потег што можат да го направат, рече Бановиќ.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски