Банкротира црногорскиот дневен весник „Побједа“

Од:

Црногорска Влада одлучи да почне процедура за објавување на инсолвентност на издавачката куќа „Побједа“ откако единствениот кандидат за купување на државниот пакет акции на најстариот црногорски дневен весник се откажа од купувањето.

Причината за објавување на банкрот на нерентабилноста на издавачката куќа се долговите кои до септември годинава изнесуваат 1,8 милиони евра, двојно повеќе од истиот период минатата година.

Црногорската држава поседува 85,99 проценти од акциите на „Побједа“ за нивната продажба беше објавена во септември минатата година, но на третата лицитација само сараевската компанија „Аваз рото прес“ предпложи едно евро, а потоа ја зголеми сумата на 100.000 евра.

Проблемите во „Побједа“ почнаа кога фирмата не можеше да ги исплати долгорочните кредити во висина од 5,37 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски