Бандиќ повторно оди во истражен затвор

Од:

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ се враќа во Реметинец, бидејќи истражниот судија на загрепскиот Жупанисми суд го прифати денеска барањето на Ускок, повторно да му се одреди истражен затвор, јави Танјуг.

Обвинителот на Ускок Ксенија Кризман, рече по рочиштето дека истражниот судија го прифатил предлогот и на Бандиќ му одредил истражен затвор, поради опасност дека на слобода би можел да влијае на сведоците но и да го повтори делото.

Судијата донесе одлука и за наплата на кауција од 15 милиони куни, што, ако оваа пресуда остане правосилна, ќе биде уплатено во државниот буџет.

Бандиќ повторно се најде на суд на барање на Ускок да биде вратен во истражниот затвор во Реметинец и да плати кауција поради сомневање дека сведоците ги поттикнувал на давање лажен исказ, но и оти ги фалсификувал службените исправи.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег