Балкански граници: Кој каде може да патува, а каде не

Од:

Со стишувањето на пандемијата, државите почнуваат да ги отвораат границите, но сепак не за сите.

Црна Гора и Хрватска веќе најавија отворање на своите граници во следниот период.

Првите земји кон кои Црна Гора ги отвора границите се Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија, Грција, Македонија, но не и Србија.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ вели дека овие земји ги исполнуваат епидемиолошките критериуми на Институтот за јавно здравје, односно имаат најмногу 25 заразени на 100 илјади жители.

Ова предизвика критики од српска страна, дека одлуката можеби е политички мотивирана поради проблемот кој двете земји го имаат околу Српската православна црква.

Претставници на властите во Србија повеќе пати нагласија дека нема да возвратат во иста мера на црногорската одлука.

И покрај тоа што Хрватска се најде на листата земји за кои црногорската граница е отворена, сепак границата на Хрватска ќе остане затворена за Црна Гора и за Србија.

Хрватска, пред се ги отвори границите кон ЕУ и остана недостапна за остатокот од Балканот. Границите уште сега и се отворени за туристи од Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија.

Босна и Херцеговина ги отвора своите граници само за три држави – Србија, Црна Гора и Хрватсска, со оглед на тоа дека епидемиолошката ситуација во регионот во последните денови е се постабилна.

Бугарија најави отворање на границите за Србија и Грција од први јуни.

Албанскиот премиер Еди Рама најави отворање на копнените граници, а од први јуни отворање на плажите.

Грција ги отвора границите од 15 јуни за патниците од Балканот, Германија, Израел, Кипар и Балтичките земји.

Србија минатата недела ги отвори своите граници, а при влезот во земјата не е потребен негативен тест за коронавирус, ниту посебна дозвола за домашните и странските државјани.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат