Балкански егзодус ја заплисна ЕУ

Од:

Роднините Роми на Азра Фајети се обвинети за поднесување лажни барања за азил во богатата Европска Унија, но таа вели дека нема никаква лага за животот во мизерија на нејзиното семејство.

„Гладуваме“, рече жената од сиромашниот град на југот на Србија. „Животот тука е понижувачки“.

Синот на госпоѓа Ајети бил еден од 60,000 луѓе од Србија и од другите балкански земји кои се обиделе да побараат азил во западна Европа, откако пред три години ЕУ дозволи безвизни патувања од нивните земји.

Мнозина ЕУ и локални службени лица го опишуваат егзодусот како измама во која повеќето роми емигранти ја минуваат границата, знаејќи дека нивниот азил, а во некои случаи и животни трошоци, вредат стотици долари месечно, кои тие ќе ги добиваат додека чекаат одговор на ашликациите.

Како резултат на континуираната опсада, државите во ЕУ каде има најмниогу барања за азил – Германија, Шведска, Белгија, Холандија, Франција и Луксембург – одат кон повторно воведување визи за Србија и Македонија, двете земји од каде доаѓаат најмногу апликации за азил.

Сепак, мнозина баратели ја наведуваат расната дискриминација во нивните татковини како причина за нивното бегство, со фактот дека е тоа легитимна основа за добивање азил.

„Сите сакаат да си заминат“, рече г-ѓа Ајети додека продава стара облека која ја собрала од кантите за смет по правливите улици во Бујановац. „Ако имав за авобуска карта, ќе се спакував и веднаш во овој миг ќе си заминам“.

Таа вели дека заслужува азил затоа што не ја добила ветената социјална помош – околу 127 долари месечно за нејзиното 18-члено семејство – во изминатите пет месеци. Таа исто вели дека полицијата ја брка од валканите тротоари каде таа продава, „само затоа што сме цигани“.

Барањето за азил во Шведска на најеизниот син било одбиено на почетокот на годинава, и сега тој се вратил дома.

„Азилот стана професија“

Тука, како и во поголемиот дел од балканските земји, Ромите живеат во диви населби направени од картони, а понекогаш се соочуваат и со малтретирања од десничарски екстремистички групи.

Тие воглавно живеат од просјачење или од хуманитарна помош, покрај малкуте пари кои ги заработуваат со собирање метален отпад и други материјали од кантите за смет.

„Наречете ги лажни или вистинси баратели на азил“, вели Галип Беќири, локален лидер на албанска политичка партија, „но овие луѓе заминуваат не затоа што се среќни, туку затоа што се очајни“.

Државите во ЕУ одбиваат 99 проценти од барањата за азил од Балканот, со пресуда дека апликантите не ги исполуваат критериуките дека се политички, етнички или религиозно прогонувани.

Но, додека нивните барања се разгледуваат, на барателите на азил им е дозволено да останат во земјите каде бараат заштита – и ги трошат фондовите со кои може да им се помогне на оние кои се можеби и побеспомошни, како што се барателиоте на азил од Сирија, Авганистан или Ирак.

„Не е прифатливо тоа што имаме два пати повеќе баратели на азил од Србија, отколку од Авганистан“, неодамна им изјавни на новинарите Оле Шредер, државен секретар во германското министерство за внатрешни работи.

Шефот на граничната полиција во Србија, Ненад Бановиќ, исто така беше многу критичен во врска со балканскиот егзодус. „Азилот стана професија“. Тој додава дека оние кои се одбиени во една ЕУ држава, често одат во друга, каде од почеток го почнуваат истиот процес.

Дел од проблемот се долгите процедури за проверка на барањата за азил во многу европски држави.

Германија стана најпопуларната држава за балканските баратели на азил, затоа што нуди невообичаено широкоградо покривање на трошоците за живот, и има најдолги процедури за проверка на апликациите, кои траат дури и до 14 месеци.

Од бриселската Европска иницијатива за стабилност, тинк-тенк организација која одблиску ги следи балканскте баратели на азил, во својот неодамнешен извештај велат дека клучната причина за која повеќето баратели на азил ја избираат Германија е тоа што нејзиниот Уставен суд, кој е под притисок на групите за човекови права, летово ја зголеми помошта од 165 долари за четиричлено семејство, на 550 долари – што е повеќе од просечната месечна плата во повеќето балкански држави. Ако барателите на азил самите си купуваат храна и облека – наместо да се потпираат на помошта на ЕУ – таа сума се зголемува на 1,400 долари.

Од зголемувањето на месечната помош во јули, бројот на баратели на азил од Србија и Македонија скона од околу 1,000 месечно, на 4,000 само во септември.

Помалку широкогради мерки

Европската тинк-тенк организација смета дека Германија треба веднаш да го намали бројот на баратели на азил со воведување на поостри мерки кои се применуваат во некои соседни земји.

На пример, во Австрија, само 380 балканци побарале азил во истиот период, иако таа држава е поблиску до Балканот. Австрија во 2010 веќе ги стави сите балкански земји на листата на земји „потекло од безбедни земји“ – што значи дека нема веројатност дека барателите на азил од тие земји се жртви на етнички, политички или религиозни злоупотреби – и одлучува по барањата за азил за само една недела, велат од оваа организација.

Истото важи и за Белгија, која порано беше омилена дестинација на барателите на азил од Балканот, која во јуни реши да го скрати процесот на одлучување по барањата, од најмалку шест месеци на 15 дена.

Неочекуваниот наплив го вклучи аларот во Германија, која го предводи процесот повторно да се воведат таканаречените Шенген визи.

„Германија го брани укинувањето на слободното безвизно патување, ако Србија и Македонија не се способни да ја сопрат оваа злоупотреба“, неодамна за Асошиетед прес изјави Ханс Питер Ил, претседател на парламентот од владејачката Демохристијанска Унија, одговорен за внатрешни работи.

„Годинава имаме имаме зголемување за 72 проценти во однос на истиот период минатата година“, рече Ул. „Ако оваа бројка е точна, тогаш таа со сигурност ќе се заглави на 10,000 роми од Македонија и од Србија“.

„Ако ги проверите овие 10,000 барања за азил само за годинава, ќе видите дека ниту едно не е одобрено“, рече тој. „За ниту еден од нив не е донесена одлука дека се расно, политички или религиозно малтретирани лица. И мораат да ја напуштат Германија“.

Шведска им дава на барателите на азил џепарлак од околу 127 долари месечно по лице, за оние кои добиваат бесплатна храна, и скоро 330 долари на оние кои самите се снаоѓаат за храна. Процесот за азил таму трае помеѓу три и шест месеци.

Белгија и Холандија им даваат на апликантите за работата која ја изршуваат додека бараат азил, и им исплаќаат испратнина ако одлучат да си заминат.

На состанокот на министри за внатершни работи во ЕУ, кој се одржа минатиот месец, се повикаа балканските земји да го сопрат напливот на емигранти или да се соочат со враќањето на визите за патувања.

„Ако сакаат да припаѓаат на Европа, мора веднаш безусловно да се погрижат за овие луѓе“, рече германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во текот на состанокот. „Мора да направат нешто за овие луѓе повторно никогаш да не се почувствуваат дискриминирани“.

Српските власти рекоа дека можат малку да сторат за да ги сопрат овие луѓе да патуваат во странство, без да ги прекршат нивните основни човечки права. „Ако почнеме да ги вадиме ромите од автобусите на граница, ќе не распнат“, рече неодамна српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов