Балканската рута се пофреквентна за шверцерите со луѓе

Од:

Криумчарите на бегалци и мигранти во моментот се повеќе ја користат рутата преку Македонија, Србија и Унгарија до Австрија, отколку преку Средоземно Море, покажуваат резултатите на агенцијата ФРОНТЕКС, пренесува Танјуг.

Од јануари до јули годинава 102.342 луѓе влегле во Австрија преку Западен Балкан, што е за околу 10.000 лица повеќе кои влегле во Европа преку рутата на „централен Медитеран“.

Една третина од 130 тековни истраги на Европол за трговија луѓе се поврзани со криминални групи кои изворно настанале поради шверц на дрога, перење на пари и продажба на девојки како сексуални робинки.

ФРОНТЕКС соопшти дека идентификувала 3.000 „сериозни играчи“ поврзани со трговијата на луѓе во Европа.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он