Балканот зафатен од екстремно ниски температури и снег

Од:

Поголемиот дел од Балканот и натаму е зафатен од снег, мраз и ниски температури.

dobivaj vesti na viber

Поради студеното време училишниот распуст во Федерацијата Босна и Херцеговина е продолжен до 16 јануари, а издадени се и препораки за скратување на работното време каде што е можно.

Во Босна и Херцеговина најстудено било во Прача, каде се измерени дури минус 30 степени.

Реката Сава во БиХ е замрзаната, како и Јабланичко Езеро, додека во Мостар, еден од најтоплите градови, забележана е температура од минус 11 степени.

Според прогнозите на метеоролозите, поларниот студ ќе се задржи до четврток, 12 јануари. Повисоки температури се најавуваат во периодот од 12 до 25 јануари.

Тие денови се очекува подобрување на временските услови во Хрватска, но температурите и понатаму ќе бидат ниски и под просекот за оваа време на годината.

Силната бура и екстремниот студ го замрзна сливот на Неретва во Јадранско Море.

Српската државна телевизија РТС јави дека татко и син од околината на местото Гаџин Хаб во реонот на Ниш, се пронајдени мртви, откако измзрнале како последица на ниските температури.

Б92 јави дека меѓународниот брз воз на релација Бар-Белград претпладнево останал заглавен во близината на црногорското место Колашин, откако „се замрзнанл“.

– Брзиот воз за Белград доцни неограничено. Се замрзна во Колашин. Не знаеме кога ќе тргне, изјави претставник на железничката сатница во Бијело Поље.

Во поголемиот дел од Грција денеска се регистрирани многу ниски температури и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија кои доаѓаат од запад.

Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, училиштата и градинките во грчкиот главен град денеска поради мразот ќе бидат затворени, соопштија синоќа локалните власти. Тие, исто така ги повикаа Атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.

– Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ

Ана Ололовска

Колумна во париски „Ле Монд“: „Русија има способност значително да го дестабилизира Балканот“

А1он

СБ: Западен Балкан силно ќе ги почувствува последиците од војната во Украина

Ана Ололовска

Висока претставничка на Стејт департментот следната недела на Западен Балкан

Ана Ололовска

Ескобар: Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан

Ана Ололовска

Џозеф: Балканот треба да се справи со ревизионистичката агенда на Москва во регионот

А1он