Автопатот Драч-Кукс оди под концесија

Од:

На 15 октовмри албанското Министерството за транспорт ќе го објави името на компанијата која победила на тендерот за давање под концесија на автопатот Драч-Кукс-граничен премин Морина, на албанско-косовската граница, или како што се нарекува „Патот на нацијата“, јави дописникот на МИА.

Првиот човек на Министерството, Едмонд Хаџинасто соопшти дека во игра се четири странски компании и оти предност ќе и се даде на онаа која во понудата ќе бара пониска субвенција од страна на државата.

Компанијата победник автопатот ќе го добие под концесија во период од 35 години, додека секој кој ќе помине по него ќе плаќа по 5 евра патарина.

Албанската Влада размислува под концесија да го даде и автопатот Тирана-Елбасан, кој го поврзува патот со граничниот премин Ќафасан кај Струга, на албанско-македонската граница.

И на двата автопата голема е фрекфенцијата на возила и патници, посебно во летниот период кога стотици илјади косовски и македонски државјани одат во Албанија заради користење на летните одмори.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата