Автобус со српски таблички кој превезувал деца излетал од пат во Бугарија, 12 повредени

Од:

Автобус со српска регистрација, во кој се превезувале деца, излетал од патот на 217 километри во правец на Софија, кај Стара Загора пренсуваат бугарските медиуми. Од бугарското миниситерство за внатрешни работи ја потврдија несреќата. Првичните нформации се дека има 17 повредени. За двајца се знае дека се потешко повредени.

Децата се враќале од фолклорен фестивал.

Од полицијата за бугарските медиуми велат дека е рано да се коментира за причините за несреќата, но велат дека патот бил влажен.

На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пет екипи на противпожарната и пет екипи на МВР. Голем дел од автомобилите што минувале застанале, а на повредените им помогнале десетина луѓе.

Сведок на настанот кој им помагаал и на патниците во автобусот, за изјави дека сите што биле во амбулантите возила биле свесни. Како што рекол имало едно дете и двајца возрасни, кои, сепак, биле во видно полоша состојба.

„Не посакувам никој да види ваква глетка – расплакани деца облеани во крв“ рекол очевидоцот и додал дека слушнал како еден од водачите на групата вели дека во автобусот патувале 48 лица.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски