Австрија: Моментално ниту една коалиција не е реална без ОВП

Од:

Помалку од две недели пред предвремените парламентарни избори во Австрија, закажани за 29 септември, јасно е дека ниту една идна коалиција нема да биде можна без учество на Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц.

Истражувањата на јавното мислење покажаа дека ОВП на изборите би можела да освои 35 отсто од гласовите, а далеку зад неа, втора би била Социјалдемократската партија (СПО) со 22 отсто поддршка, па Слободарската партија (ФПО) со 20 проценти од гласовите.

Согласно овие прогнози, следната влада нема да може да се формира без ОВП, затоа што секое мнозинство, без разлика дали ќе биде СПО-ФПО или некоја од овие две партии со Зелените и Неос, моментално не е реална опција.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче