Австрија: Цел Западен Балкан на „зелената“ листа за патување

Од:

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија.

Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената“ листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон) и Светската здравствена организација (кинеските Синофарм и Синовак).

Руската вакцина Спутник В не е прифатена од австриските власти.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче