Авион на „Ер Србија“ таман полетал од Тиват поради дефект морал итно да слета

Од:

Авионот на „Ер Србија“, Ербас А-319 кој сообраќал на релација Тиват-Белград морал принудно да слета поради дефект на моторот 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват околу 15:45. Читателите на Nova.rs кои биле во авионот раскажале дека летот доцнел околу 45 минути и дека веднаш, пет минути по полетувањето, се слушнал силен тресок под авионот.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот ја губеше и ја менуваше силата, а една патничка видела искри под нејзините стапала и како гориво се испушта од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат. Во првите десет минути екипажот не даде никакво објаснување, што предизвика уште поголема паника. Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардна процедура во ваква ситуација и тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците. Механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот, додека некои патници од страв се откажале од летот, па аеродромската служба морала да им пружи помош“, вели соговорникот.

Би можело да ве интересира

Ер Србија демантира декa цената на билетите за летовите Москва-Белград е илјадници евра

Катерина Павлова-Николовска

Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје

А1он

Етихад откажа купување 10 авиони Ербас, депозитот вратен на Ер Србија

Наум Локоски

Вучиќ: Ќе ги продолжиме разговорите со Приштина

Ана Ололовска

Ер Србија воведе директна авионска линија Белград-Њујорк

Предраг Петровиќ